Никогаш не е предоцна за да бидете она што сакате да бидете, а затоа најголем доказ е овој брачен пар.
Постар брачен пар од Германија одлучил да внесе бои во нивниот живот. Брит Кања и Гунтер Крабенхофт имаат многу фанови на Инстаграм, а нивниот број продолжува да расте.
Според она што се гледа на фотографиите, изгледа дека стареењето е кул, исто како и тинејџерските години.
Брит вели дека немала намера да започне „револуција“, туку само сакала обичен профил на Инстаграм. Нејзините пријатели ја инспирирале да продолжи да објавува.
Брит е многу паметна, но и срамежлива. Успехот ја прави среќна, а и знае да се „зацрвенее“ поради него. Таа е чиста инспирација, радост, автентичност, креативност, храброст, покана за игра…
Ја запрашале како избира облека за следниот ден, а таа одговорила дека материјалот мора да е природен, а бојата и изгледот многу важни. Облеката ја купува во продавници за стари алишта. Кога доаѓа време да се облече, таа избира облека според расположението.
Гинтер ја научил како да го користи Инстаграм. Тaa не користи други мрежи. Брит има само една цел – да ужива во животот.
Фото: Инстаграм