Македонската фудбалска репрезентација приреди вечерва во Палермо сензација, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март.
Поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски, е стрелецот на голот, кој успеа да ја погоди целта во дополнителните судски минути.
Македонија е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе ѝ биде потребна уште една гостинска победа на 29 март во Порто против Роналдо и екипата, кои вечерва во второто полуфинале од групата ја совладаа Турција со 3-1.