Хероите доаѓаат во разни форми и облици, понекогаш и на четири нозе: Maче – херој, спасилo две дечиња од змија – отровница

ПОЗИТИВНО

Семејниот мачор Артур ќе остане запаметен како херој откако ги спасил двете мали деца од семејството чиј миленик бил, од една од 10-те најотровни змии во Австралија.

Мачорот уживал во дневните активности на семејство во нивниот дом во Австралија, кога австралиска кафеава змија влегла во градината каде што си играле децата. Артур веднаш ја забележал змијата и пред таа да стигне до децата ѝ се нафрлил. Тој не губел време да дозволи влекачот да се доближи до децата кои го сакале и ја убил. Меѓутоа, во тој процес змијата го каснала него. Семејството не забелажало дека мачето е гризнато се додека тоа не се онесвестило.

Семејството веднаш го однело на ветеринар, кој им објаснил дека станува збор за колапс, што е чест резултат на каснување од змија, но не е добро познат кај сопствениците на миленичиња, пишува „Animal Emergency Service“ на својата Фејсбук страница.

Ветеринарот го вратил во живот, но следното утро мачорот повторно бил пронајден онесвестен.

„За жал, отровот на змијата бил пресилен за да може да се опорави“, објаснил ветеринарот.

Артур починал од отровот на змијата и ќе остане запаметен како малиот херој на четири нозе, објавија од „Animal Emergency Service“ .