Ja имаат само посебни луѓе: Сина аура симбол на моќ

ЗАБАВА

Аурата е како отпечаток од прст – секоја личност во светот има посебна. Таа е како нешто што ја дефинира личноста и ја следи низ животот. Аурата всушност е енергија што ве опкружува и само многу перцептивни луѓе можат да ја препознаат.

Аурата зависи од личноста, но и личноста од аурата – тоа е тесна врска што влијае на нашиот карактер. Секоја аура има „боја“, а таа боја може да каже многу за карактерот на една личност.

Луѓето кои се карактеризираат со аура со сина боја, ја имаат всушност најмоќната аура, а се емпатични, чувствителни, љубезни и мирни по природа. Во друштво делуваат смирувачки, па затоа често се омилени меѓу пријателите. Спротивни од нив се луѓето со црвена аура, што припаѓа на сосема поинаков крај на спектарот, а со тоа и по карактерот – тие се воинствени луѓе, страствени и опсесивни.

Сината и црвената аура се како Јин и Јанг – совршено се вклопуваат кога се комбинираат и создаваат виолетова аура, бидејќи луѓето со оваа боја се предодредени за успех. Хороскопските знаци кои имаат сина аура најчесто се раковите и вагите.

Луѓето со сина аура често имаат развиена интуиција и чувство за естетика. Тие можат да го најдат секој одговор преку медитација, а нивната победа над несигурноста лежи во внимателното слушање на интуицијата.

Извор: Lovesensa