Пуканките се омилените „грицки“ што најчесто ги поврзуваме со гледањето филмови во кино, но тие имаат и многу здравствени придобивки за кои многумина не се свесни. Покрај тоа што се вкусни, тие го регулираат и шеќерот во крвта, го намалуваат нивото на холестерол, го подобруваат варењето на храната и штитат од хронични болести.
Ако изедете 100 грама пуканки ќе добиете 14,5 грама влакна. Покрај влакната, кои го подобруваат варењето на храната, тие имаат и бројни минерали, Бе витамини и Е витамин. Високата содржина на влакна во пуканките го поттикнува нормалното празнење на цревата и спречува запек.
Освен што помагаат при запек, пуканките се познати и како нискокалорична ужина што можете редовно да ја консумирате. Покрај тоа, поради содржината на влакна, тие помагаат да се намали гладот со продолжување на чувството на ситост.
Влакната кои се наоѓаат во пуканките исто така помогаат во намалувањето на нивото на холестерол, на тој начин што се врзуваат за холестеролот во тенкото црево и ја спречуваат неговата апсорпција во крвотокот. Намалувањето на вкупниот холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар), а исто така го спречува оптоварувањето на срцето и артериите бидејќи на тој начин крвта полесно циркулира.
Влакната, исто така, имаат големо влијание и врз шеќерот во крвта бидејќи помагаат во неговото регулирање, а исто така и на регулирањето на инсулинот при што и се намалува ризикот за развој на дијабетес тип 2. Истражувањето објавено во „The American Journal of Clinical Nutrition“ наведува дека ако имате дијабетес, консумирањето соодветни извори на влакна помага да се намалат флуктуациите на шеќерот во крвта.
Конзумирањето пуканки не само што влијае на физичкото здравје, туку придонесува и за подобор ментално здравје. Пуканките се храна богата со јаглехидрати со низок гликемичен индекс. Тоа доведува до зголемување на серотонинот и подобрување на расположението.
Научниците исто така сугерираат дека оваа вкусна закуска може да ја зголеми плодноста кај мажите со подобрување на протокот на крв.
Имено, пуканките содржат повеќе концентрирани здрави антиоксиданси од свежото овошје и зеленчук. Тие содржат збир на хемиски соединенија наречени полифеноли кои се способни да ги заробат слободните радикали и затоа ја штитат ДНК и протеините во вашето тело од оштетување, што помага при зачнувањето.
Исто така, важно е да не се подготвуваат пуканките во микробранова печка бидејќи таквата подготовка всушност може да ја намали плодноста. Ова е многу важно, исто како што е и важно тие да не се солат, или обидете се да ги подготвитите со што е можно помалку сол.
За време на ПМС ви се чини дека и најситните работи многу ве нервираат. Добрата вест е дека пуканките всушност би можеле да бидат причина овие непријатни симптоми да исчезнат. Оваа закуска го зголемува серотонинот, т.н. хормонот на доброто расположение, а покрај тоа можат да ви дадат постојан наплив на енергија за да не се чувствувате постојано гладни.
Полифенолите од пуканките делуваат како потенцијални антиоксиданти во телото, што помага во намалување на оксидативниот стрес и во борбата против развојот на хронични болести и ги намалува знаците на стареење. Истражувачите откриле дека пуканките имаат потенцијално високи концентрации на полифенолни соединенија и влакна во јадрото.
Исто така, пуканките се состојат од само четири проценти вода, додека овошјето и зеленчукот содржат 90 проценти вода, што предизвикува разредување на полифенолите. Конзумирањето храна богата со антиоксиданси како пуканките не само што може да помогне во намалувањето на развојот на хронични болести, туку може да го спречи и развојот на симптомите поврзани со стареењето како што се брчките и старечките дамки.