Како милијардерите го користат одморот: Некој сака во вселената, некој на дното на океанот…

ПАТУВАЊА

Џеф Безос ќе патува во вселената, но тој не е единствениот магнат опседнат со екстремно хоби. Како што пишува Бизнис инсајдер многумина припадници на светската елита го поминуваат на „чуден“ начин своето слободно време.

За неколку недели милијардерот Џеф Безос ќе го изведе најризичниот лет во неговиот живот, патувајќи до крајот на Земјата, веднаш до работ на вселената. Директор на Амазон, во заминување, е авантурист, а ова му е најекстремното патување досега, откако нуркаше до дното на морето, посетуваше темни пештери. Но, неговата желба за екстремни дожувувања не го прави посебен, или барем не посебен милијардер помеѓу неговите врсници. Се чини дека е вообичаена карактеристика кај светските милијардери е токму екстремноста во нешто.

И милијардерите Илон Маск, Ричард Бренсон, Пол Ален и Сергеј Брин изразија интерес за напуштање на планетата Земја.

Милијардерот Ричард Бренсон е познат по своите чудни акробации и неговата страст кон вселенскиот туризам.

Во 2011 година, тој го лансираше „Virgin Oceanic“ со цел да ги истражи најдлабоките делови на светските океани. Иако тој потфат оттогаш е укинат, тој стана уште поамбициозен со подводни активности, наменети за подготовка за вселенски туризам. Неговиот вселенски потфат „Вирџин галактик“ е насочен кон суборбитален туризам каде патниците можат да платат од 200 до 250 илјади долари за луксузно патување во вселената, а компанијата планира да почне со резервации од следната година.

Сергеј Брин, основачот на Гугл, е вреден 108 милијарди долари, а негова страст се необични авиони. Во последните четири години, Брин работеше на таинствена компанија за вселенски бродови позната како „LTA Research and Exploration“. Компанијата го започна својот центар во истражувачкиот центар Ејмс на НАСА и работи на реализирање на својата визија за авиони со нулта емисија.

Пол Ален имаше луксузна подморница и страст за истражување под вода. Пред да почине во 2018 година тој имаше возен парк од чудесни мегајахти, вклучувајќи и подморница со подводни возила способни да нуркаат стотици стапки во длабочините на океанот.

„Ако се спуштите 1.000 стапки во океанот ќе видите дека таму навистина е темно, а животните се навистина чудни“, рече еднаш Ален.

Марк Цукерберг претпочита екстремни спортови како елекстронско сурфање и лов со лак.

Тој не сака да патува во вселената, но неговата екстремност е врзана за Земјата. Извршниот директор на Фејсбук е обожавател (и талентиран корисник) на „Лифт фолис ефоил“, електрична даска за сурфање која се продава за 12.000 американски долари. Тој бил забележан на необичната даска за сурфање повеќе пати во близина на неговиот имот на хавајскиот остров Кауаи и објавил видеа на кои тој успешно се движи низ несаканите води.

Интересите на Цукерберг се чини дека се протегаат и на други активности на отворено: Тој неодамна објави и видеа на кои користи лак и стрели и фрла копја.

Џек Дорси, директорот на Твитер, медитира со часови секој ден и само вечера. Неговата крајност е внатрешноста и истражува длабобко во себе.

Во 2018 година, Дорси го поминал својот роденден во Мјанмар правејќи 10-дневна тивка медитација со випасана. Тој своето искуство го опиша на Твитер и рече дека било „исклучително болно“: Медитирал од 4 до 21 часот, секој ден, не смеел да јаде вечера, да чита, да слуша музика или да воспостави контакт со очите, а една ноќ имал дури 117 каснувања од комарци.

Од тогаш, Дорси рече дека се обидува да медитира два часа секој ден и јаде само седум оброци во една недела.

Лери Елисон потроши милиони на трки со јахти, па дури и основа своја лига во трки. Иако бил страстен во пловењето од раните 20-ти, тој не се зафатил сериозно со овој спорт сè до 90-тите години на минатиот век, кога купил едрилица од 78 стапки, наречена Сајонара. Започнал да се натпреварува на трки, освојувајќи светски шампионски титули, а еднаш скоро ќе загинел во една бура на пристаништето во Сиднеј.

Подоцна започна да се натпреварува и на Купот на Америка, годишна трка со јахти што се одржува на секои три или четири години. Во 2010 година, Елисон и неговиот екипаж ја добиле трката.

Елисон сега троши стотици милиони долари на своите трки, откако во 2013 година ја освоил и втората победа на Купот на Америка. Елисон започна и сопствена едриличарска лига, која неодамна беше проценета на 200 милиони долари.