Во годините по 1991 година, откако Македонија ја прогласи својата независност, адвокатот од Торонто, Крис Палиаре, патувал низ цело Торонто обидувајќи се да ги натера локалните власти да ја признаат земјата со подигање на знамето во градската сала за да неговиот народ во Канада го одбележи Денот на независноста.
Не поминал добро.
Палиаре, Македонец чие семејство било во Канада повеќе од 100 години, кажал дека повеќето градови одбивале да го веат знамето, затоа што Канада се уште не ја признала земјата. Било обесхрабрувачко, раскажувал тој.
„Најчудно ми беше што во земја која ја цени слободата, ги цени сите ставки што ги вградиле во повелбата, дека некако на овој народ, за разлика од сите други етнички групи, нема да му биде дозволено да го прослави своето ново раѓање“, изјавил тој и додал дека сето тоа му било „незамисливо“.
Денес, големата македонска заедница во Торонто се подготвува да го прослави 30 -тиот роденден, 8. Септември – Денот на независноста.
За разлика од раните 90 -ти сега работите се поинакви. Предизвиците што некогаш ги имал Палиаре, барајќи признавање на земјата во градот каде што живее, ги нема повеќе. Кулата Си-Си и Нијагарините водопади денеска ќе бидат осветлени со боите на знамето, како дел од прославата за независноста.
Канада ја призна Република Македонија под уставното име во 2007 година. Според податоците на Канадско-македонското историско друштво во Канада има 150.000 Македонци, а најголем дел од нив живеат во Торонто.
Токму Друштвото обезбеди „Си-ен“ кулата во Торонто да биде осветлена во црвено и жолто. Илуминацијата ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.
Под покровителство на фамилијата Битов, пак, бордот за илуминација на Нијагарините водопади одлучи водопадите да бидат осветлени со боите на македонското знаме вечерва во времетраење од 15 минути со почеток во 23 часот.
-Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.
Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025“, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада.
Настанот ќе можете да го проследите и во живо на следниот линк.