Можете ли да ја решите загатката што Маск им ја поставува на инженерите при интервју за работа

ЗАБАВА FEATURED 2


Кога има интервју за работа, милијардерот Илон Маск сака на кандидатите да им поставува загатки, нешто што ги буни многуте заитересирани. Имено, место да разгледува илијадници документи тој нашол едноставен начин да види дали некој е сериозен кандидат за неговите фирми. Неговите прашања иако звучат едноставно, бараат креативно размислување.

Едно од неговите најпознати прашања за инженерите е: „Стоите на површината на Земјата. Одите една милја јужно, една милја на запад и една милја на север. Каде сте?“

Најпознатото решение е Северниот Пол. Но ако одите една милја јужно, потоа една милја западно и една милја северно, ќе се вратите на вашата почетна точка бидејќи се движите во форма на триаголник.

Второто решение, кое е помалку познато, но подеднакво точно, се наоѓато во близина на Јужниот пол.

Значи, замислете круг околу Јужниот пол чиј обем е точно една милја. Ако тргнете од точка A точно една милја северно од кругот во близина на Јужниот пол, движењето оди вака: прво пешачите една милја јужно и пристигнувате до тој круг. Потоа пешачите една милја на запад, кружејќи го самиот круг и се враќате на истата точка на неговиот обем од каде што почнавте да одите на запад. Кога конечно ќе пешачите една милја на север, се враќате на почетната точка од која сте тргнале.

Значи, клучот е што пешачењето на запад не ве носи во ширина, туку напротив, поради кружната патека, ве враќа на истата позиција во кругот, што ви овозможува да се вратите на север токму од каде што сте тргнале.

Бесконечно многу решенија

Она што многумина ги збунува е фактот дека има бесконечен број вакви кругови околу Јужниот пол. На пример, круг со обем од 0,5 милји ви овозможува да одите два круга за една милја. Слично на тоа, кругот со обем од 0,25 милји ви овозможува да одите околу четири круга, а помалите кругови овозможуваат уште повеќе кругови. Условот е следниов: ако одите една милја јужно до кругот околу Јужниот пол, потоа одите околу кругот одејќи на запад и одите назад една милја на север, секогаш завршувате на почетната точка. Ова се однесува на сите кругови чиишто обем се 1 милја, 0,5 милји, 0,25 милји или која било помала вредност.

Значи решението на загатката не е само Северниот Пол. Покрај тоа, има бескрајно многу точки во близина на Јужниот Пол кои ги задоволуваат условите – тоа се сите оние точки кои се наоѓаат на една милја северно од кругови со различни големини околу Јужниот пол.