На родителите им треба помош: Малиот Љупче од кочанско треба да се оперира во Турција

ПРЕДЛОГ SLIDE

Родителите на малиот Љупче од кочанско преку социјалните мрежи и медиумите бараат поддршка за да можат нивното синче Љупче да го оперираат.

„Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза ( искривување на ‘рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно, и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција.

Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума, и како што е вообичаено и пракса во Македонија, за жал, истите сме приморани да ги собираме на овој начин т.е. преку донации“, се вели во објавата на родителите.

Тие ги замолуваат сите кои се во можност да помогнат и на некој начин да придонесатЉупче да расте и да има детство како и сите други дечиња.

Може да се донира преку следните сметки:

Број на трансакциска сметка

240137118551584 Љупче Горгиев Уни Банка

IBAN : MK07240137118551584

SWIFT/BIC : UIBMMK22XXX

Броеви за донација од 100 денари на следните телефонски броеви:

-Телеком 143141

-А1 143 482

Исто така има и можност да се донира преку „Gofundme“ на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/my-4year-old-nephew-ljubche?utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=copy_link_all&utm_source=customer