Роверот на НАСА, „Упорност“, до Земјата испрати фасцинантни фотографии на кои се гледа панорамата на Црвената планета. Она што е посебно на овие фотографии со висока резолуција е тоа што тие фаќаат поглед широк 360 степени околу роверот.
Фотографиите се направени помеѓу 15 и 26 април, па затоа на него се забележува и малот хеликоптер „Генијалност“. Панорамата, што ја составиле експертите на НАСА од 992 индивидуални фотографии, е создадена благодарение на „десното око“ на камерата на роверот.
Што точно „Упорност“ виде и слушна околу себе, погледнете во видеото на НАСА.
Во текот на следните неколку месеци, како што објави НАСА, „Упорност“ ќе ја истражува површината на Марс и ќе ги земе првите примероци од почвата, а потоа, во една од следните мисии, тие ќе ѝ бидат испорачани на Земјата.