Рита Леви-Монталкини е италијанска научничка и добитничка на Нобеловата награда, позната по својата работа во областа на невробиологијата. Таа доживела повеќе од 100 години, починала во 2012 година, со што стана најстарата нобеловка на сите времиња. Рита е родена во 1909 година и пораснала во време кога жените немале поддршка да развијат кариера, но и покрај противењето на нејзиниот татко, таа се запишала на медицински факултет. По некое време започнала дискриминацијата на Евреите – им било забрането да се занимаваат со академска кариера. Така Рита го напуштила својот дом и се преселила во Брисел. И покрај тешкотиите, таа продолжила да го прави она што го сака и што ја исполнува, за подоцна, по добивањето на наградата, да рече:
„Да не бев дискриминирана или прогонувана, немаше да ја добијам Нобеловата награда“.
Монталкини секогаш гледала на работите од поинаков агол и била благодарна за непријатните животни околности. На крајот на краиштата, тие ја направиле храбра личност, жена чие име се памети во историјата. Главното откритие на Рита е „факторот за раст на нервите“ за кое ја добила и Нобеловата награда.
Оваа жена доживеала длабока старост, а на прашањето за животните навики за долговечност, одговорила дека не спие повеќе од 6 часа дневно, јаде еднаш дневно и многу чита.
Таа сметала дека прејадувањето е голем стрес за организмот, бидејќи е потребна голема количина на енергија за да се свари храната. Нагласувала дека мозокот е најважниот дел од човечкото тело и дека со негово вежбање може да се намали ризикот од деменција во староста.
Еве ги нејзините препораки:
Читајте „тешка“ литература – Многу научници рекоа дека постојаното учење ја зачувува виталноста на мозочните кола.
Решавајте логички загатки и крстозбори – Тие го поттикнуваат мозокот да размислува повеќе од вообичаеното.
Обидете се да запомните повеќе – На пример, откако ќе го прочитате секое поглавје, затворете ја книгата и обидете се да ги запомтите и најситните детали. Слушајте се себеси, повторете го она што сте го научиле.
Учете странски јазици – Не морате да го зборувате течно, поентата е вашиот мозок да се „растегне“ и на тој начин да создаде нервни врски. Потребни ви се само околу 20 минути дневно.
И конечно, одржувајте го вашето позитивно расположение, тоа е една од најголемите тајни за долг и среќен живот. Рита Леви-Монталкини велела: „Пред сè, не плашете се од тешкотии. Тие ни го даваат најдоброто“. Дури и кога ќе се појават тешкотии и проблеми, обидете се да го задржите оптимизмот и да видите шанса за напредок во сè.