Нови правила за влез во ЕУ: Кога и како да аплицирате, какви информации се потребни и што ако имате итен случај?

ПАТУВАЊА ИНФОРМАЦИИ

Од 10 ноември стапуваат на сила новите правила за влез во Европската унија пеку системот ЕЕС (Entry/Exit System – EES) за граѓаните на околу 60 земји, меѓу кои и земјите од Западен Балкан.

Што се менува, колку порано пред планираното патување треба да аплицираме за влез, што ако се појави потреба итно да заминеме во ЕУ, кој може да биде одбиен и кои се сите правила се прашања што многумина ќе си ги постават пред да патуваат.

Засега од 10 ноември до следното лето на граничен премин при влез во ЕУ ќе биде потребен пасошот, отпечатоци од 4 прсти и фотографија на граница, се до 2025 година за кога е најавена имплементацијата и на вториот Европски систем за информации и овластувања за патување (ETIAS), што ќе значи дека патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ мора претходно да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање такса од седум евра со банкарска картичка.

Како ќе се аплицира?

Граѓаните на земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ потребно е да аплицираат онлајн за дозвола за влез. Во апликацијата потребно е да ги внесат личните податоци, степенот на образование, вработување и какви било информации за кривични пресуди или престој во воена зона. Со платежна картичка се плаќа такса од седум евра, а ослободени се лицата помлади од 18 и постари од 70 години, како и сопружниците и децата на државјаните на ЕУ или шенгенските земји. Секој член од семејството ќе треба да се пријави посебно, не може да се аплицира групно.

Сè уште важат правилата дека патната исправа не смее да истекува најмалку три месеци по планираното враќање и не смее да биде постара од 10 години.

Колку ќе трае?

Обработката на апликацијата за дозвола трае неколку минути, така што патниците не треба да се грижат дали ќе се заглават во бирократијата, но ако трае подолго, тоа не може да биде подолго од две недели, за што патникот треба да биде информиран во рок од четири дена дека ќе треба подолго време за обработка на неговата апликација. Во некои случаи може да биде потребна дополнителна документација, како потврда за хотелска резервација или вработување,

Лицата со важечки визи и дипломатски пасоши не мора да го пополнуваат формуларот.

ETIAS нуди неколку опции за апликација. Дозволени се повеќекратни влезови и излези, но престојот не може да трае подолго од 90 дена во рок од шест месеци, ниту со него се дозволува работа во ЕУ.

Што ако е итно?

За итен медицински третман, ситуации кога е во прашање живот или присуство на погреб – патникот пополнува барање ETIAS за ограничена дозвола во која ја наведува причината за патувањето, се доделува исклучиво за патување до одредени Земји на ЕУ и важи 90 дена.

Како ќе функционира?

На лице без пополнета апликација во ETIAS ќе му биде одбиен влезот. Сите патници ќе бидат предмет на гранична контрола, но граничната полиција може да одбие влез на лице кое не ги исполнува условите, доколку претставува закана за јавното здравје, ако се бара со налог или во некои случаи нема доволно финансиски средства за да остане во ЕУ. Скенирањето на документите останува, само не се става печат.

Луѓето на кои им е одбиен ETIAS може повторно да аплицираат.

Лицата кои ќе патуваат со авион ќе бидат прегледани по слетувањето.

Апликацијата може да се поднесе еден месец пред патувањето во ЕУ за да се избегнат несакани последици.

Овие правила ќе се применуваат за патувања во вкупно 30 европски земји: во сите земји членки на ЕУ освен Ирска и Кипар, a ќе се применуваат и за влез во Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија.

Регулативите ќе важат за патници од 60 земји, вклучувајќи ги Америка, Австралија, Велика Британија, Украина, Јапонија, Бразил, Аргентина, но и земјите од Западен Балкан, како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.