Oдлучила да им докаже на луѓето дека е посилна од сите проблеми!

ПРИКАЗНИ

Паола Антонини го воодушеви светот кога на модната писта се појави со вештачка нога. Оваа девојка на социјалната мрежа Инстаграм има речиси 3 милиони „следбеници“ и со нив секој ден споделува фотографии од својот живот: оди, плива, позира, се смее, ужива…

Во 2014 година убавата манекенка ја изгубила ногата во сообраќајна незгода кога во неа со автомобил удрил пијан возач. Ногата ѝ била скршена и, и покрај напорите на лекарите да ѝ ја спасат, на крајот морале да ѝ ја ампутираат од коленото надолу.

Потсетувајќи се на несреќата, Паола вели дека никогаш не почувствувала таква болка во животот.

„Не можев ни да си погледнам во ногата, знаев дека повредата е сериозна“, раскажува таа.

Сепак, одлучила дека ампутацијата на ногата нема да ја запре и да застане на патот до нејзината манекенска кариера. Одлучила и да не ја крие својата протеза.

„Сакав да станам модел заради сите други луѓе на кои им е ампутиран дел од телото“, вели таа.

И успеала во тоа.

Паола сега е една од омилените модели на бразилските модни писти. Фактот дека нејзините обожаватели ја нарекуваат „воин“ зборува за нејзината решеност да ги освои срцата на многумина.

„Вие сте мојот воин, камо сите луѓе да имаа таква енергија“, „Начинот на кој се соочивте со сè што ви се случи е вистинска инспирација“, „Паола, секоја чест“, се само дел од коментарите што секојдневно стигаат под нејзините фотографии.