Oд 1 јануари се укинува дневната евтина тарифа, струјата поскапува за 9,48 проценти

ПАРИ FEATURED 1

Од 1 јануари се укинува дневната евтина тарифа, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, рече тој и додаде дека ова е една однајтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење,

– Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, истакна Бислимовски.

Според него, евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање.