Од утре полициски час од 20 часот, од среда затворање на угостителските објекти

ИНФОРМАЦИИ SLIDE

Полицискиот час од утре да почнува од 20 часот, од среда целосно ќе се затворат кафеаните, кафулињата, обложувалниците, фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт