На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19:
-Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај и вечерта меѓу 13 и 14 мај.
-Отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот;
-Останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.Новите мерки важат до 15 мај.