Утринава во тешка сообраќајна несреќа починал познатиот музичар од Битола, Горан Јосифовски.
Како што сооштија од СВР Битола, Јосифовски утрово околу 5 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп излетал од патот со возилото, додека одел на работа. Од здобиените повреди при несреќата, музичарот починал на самото место.
Јавноста го знае Јосифовски како поранешен член на „Екстра бенд“.
Јосифовски имаше 36 години и беше татко на две малолетни деца.