Триесет и четири годишниот Б.А. ги шокирал своите пријатели со видео објавено на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, во кое се гледа како совршено сам си го мести креветот, иако никогаш во животот не служел војска.
Неговите пријатели воодушени коментираат на видеото, велеќи дека не им се верува што направил. Некои од нив дури и го советуваат да го избрише видеото за да не им предизвика „незгодни“ ситуации по дома.
Сепак, најголем впечаток остави коментарот на еден корисник на социјалните мрежи кој напиша дека видето го потсетило на татко му, кој цело време му го местел креветот, а тоа научил да го прави додека служел војска во 1987 година некаде во Битола.
Содржината на оваа вест служи за забава. Објавеното во неа не треба да се сфати сериозно. Секоја сличност со било што и било кого не е намерна.