Претседателот на Централната изборна комисија,(ЦИК), Илирјан Целибаши, ги соопшти резултатите од неделните избори, иако, како што рече, останува за пребројување на гласовите од неколку избирачки места во Тирана и Драч.
Најголем број гласови на изборите добил политичкиот субјект – Социјалиситичка партија, 48,7 отсто што претворено во пратенички места значи 74. Изборната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, предводена од Демократската партија, освои 39,40 проценти од гласовите, односно 59 мандати, Движењето за социјалистичка интеграција(ЛСИ), 6,85 отсто што значи четири мандати и Социјалдемократската партија 2,24 проценти или три пратенинички мандати.
Правото на глас во неделата во Албанија го оствариле нешто повеќе од 1,5 милиони гласачи што е 45,72 отсто од вкупно запишаните 3.588.869 граѓани со право на глас.