Спасени се двајца Македонци, од тројцата кои вчера исчезнаа во морските води во близина на Халкидики во Грција. Во тек е акција на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери кои продолжуваат да трагаат и по третиот од групата, 28- годишен македонски државјанин.
Трите момчиња вчера скокнале од брод во морето за да се искапат, во близина на грчката плажа Мити, кај Посиди.
Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и акцијата.
Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа, за ова место изјави дека локалните жители знаат дека е опасно и дека има силни морски струи и не одат таму, но туристите не знаат.