СПЦ ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

ИНФОРМАЦИИ SLIDE

Патријархот Порфириј на заедничката литургија денес во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј, пренесе МИА.

Свеченото прогласување на официјален акт ќе следи откако ќе се разработат техничко-организациски детали. Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.