Tрагедија на Хаваите: Авион удри во зграда во близина на аеродромoт, има загинати

ИНФОРМАЦИИ

Авион удри во зграда во близина на меѓународен аеродром во американската сојузна држава Хаваи, објави „Hawaii News“. Во несреќата загинале две лица. Локалните власти соопштија дека авионот „Цесна 208“ удрил во празна владина зграда која била планирана за уривање, а загинати се двете лица кои летале со него.

Снимени се и последните зборови на пилотот кој во комуникацијата со контролната кула изјавил дека изгубил контрола над леталото.

Контролорите на летање ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со зборовите „ах, изгубивме контрола“.

„Би било добро да можете да го израмните авионот. Имате слободна писта, било кое место на кое можете да слетате“, посочиле од контролата, но авионот потоа удрил во зградата.