Во секоја земја бремените жени различно се третираат. И додека во многу земји нема ниту бременост, ниту породилно, многумина доживуваат културен шок кога ќе видат дека во некои земји сето тоа постои и е стигнато до некое ниво, што многумина не можат ниту да го замислат.
Eдна мајка од Шкотска на социјалната мрежа сподели видео во кое покажа што има во нејзиниот пакет за бебе, што го добива секое семејство со новороденче.
„Денеска ја добивме нашата шкотска кутија за бебиња, на која секое семејство во Шкотска има право додека го чека својето бебе. Пакетот е бесплатен и го праќа шкотската влада. Помислив да го отпакуваме заедно и да Ви покажам што има внатре“, вели Рејчел.
Инаку, кутијата ја добила уште пред раѓањето на своето прво дете кое сега има 13 месеци.
Таа продолжи да објаснува како самата кутија е прекрасно илустрирана со разни слики погодни за деца, додавајќи дека мисли дека целата поента е помладите членови на семејството да можат да ја украсат за новороденчето.
Таа објасни и дека самата кутија служи како мини кревет, заедно со душекот.
Кутијата за бебиња доаѓа со различни прирачници со упатства, вклучувајќи прирачник за доење и безбедно спиење.
Има и бебешка облека, ќебе, крпа, играчки, книги, два вида термометри, душек – па дури и „песничка“.
„Искрено, не ми се верува, среќни сме што добивме вакво нешто. Чувствувам дека треба да биде достапно насекаде“, заклучи Рејчел.
Под нејзината објава многумина го коментираа нејзиното видео за да го изразат своето неверување за палетата на производи кои доаѓаат во бебешката кутија.
„Во кутијата за бебиња во Америка има само мисли и молитви“, „Значи, секое бебе има ист почеток… тоа е апсолутно прекрасно“, „Во меѓувреме во Америка: Знам дека штотуку се породивте минатата недела, но дали може да ме смените утре на работа, прва смена?“, „Колку повеќе учам за другите земји, толку повеќе ја мразам својата“, се само дел од коментарите.
@rachelclenaghan So amazing we get all this it helps out lots 🤍 #firsttimemum #relatablemumcontent #relatablemumlife #pregnancyvlogger #realisticmumcontent #motherhoodunplugged #motherhood #postpartum #mumvlogger #36weekspregnant #mumreality #scottishbabybox #pregnancyjourney #pregnancy #pregnancyvlog ♬ original sound – Rach | Motherhood & Pregnancy На официјалната веб-страница на Шкотска има поставено опција за обезбедувањето почетен пакет за секој нов родител, со следното објаснување:
„Во Шкотска веруваме дека родителството е една од најважните работи во светот… Имајќи го тоа на ум, сакаме да се увериме дека Шкотска е најдоброто место во светот за растење на деца. Затоа ја лансиравме „Бебе бокс“ иницијатива во 2017 година, која е дизајнирана да му даде на секое бебе во Шкотска подеднаков почеток во животот“.