(ВИДЕО) Марко Пејчиновски за 7 часа, 14 минути и 50 секунди го преплива Охридското езеро

ПОЗИТИВНО SLIDE

Охридскиот пливач Марко Пејчиновски го комплетираше подвигот, препливувајќи ја делницата Охрид-Св. Наум. Тој тргна во седум часот од Градското пристаниште, а во Св. Наум пристигна после 7 часа, 14 минути и 50 секунди.

-Марко го одбра денешниот ден поради празникот Св. Наум. Што се однесува до пливањето, Марко немаше криза од почетокот од крајот. Имаше мал проблем со струењето кај Трпејца, но се преброди без проблем. Подвигот беше пријавен во сите релеватни спортски куќи и ќе се смета како официјален, – изјавија од тимот на Марко.

За Марко ова е втор ваков потфат. Тој на 12 години во обратна насока на празникот Св. Богородица за прв пат ја преплива делницата Св. Наум-Охрид.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Извор: Охридњус