Министерството за одбрана на САД (Пентагон) потврди дека фотографиите и видеото, кои „протекоа“ во 2019 година, а на кои има неидентификувани летечки објекти, се вистински.
Фотографиите и видеата на кои летаат и се движат предмети во разни облици, ги направила морнарицата на САД. Сју Гоуг, портпарол на Пентагон, за Си-Ен-Ен изјавил дека морнарицата снимила три неидентификувани летечки објекти.
Одделот што се занимава со истражување на неидентификувани летечки феномени, бил формиран во август минатата година, а во неговите истраги ги вклучиле и овие видеа. Фотографиите и видеото беа објавени на страниците „Mystery Wire” и „Extraordinary Beliefs“ минатата недела, но кружат низ мрежите уште од минатата година.