Мачките се совршени миленичиња, особено кога после напорниот ден се враќате дома каде што „полно со љубов“ и со нетрпение ве пречекува крзнено топче и ви врти околу нозете.
Да не заборавиме дека и на напуштените мачки треба да им се обезбеди дом, сепак луѓето кои имаат „длабок џеб“ можат да си ги дозволат и овие чистокрвни мачки, а нивното размножување и чување некому му носи и добри заработки.
Персиска мачка
Таа е меѓу најскапите раси на мачки, а на прво место е персиската мачка пто потекнува од Блискиот Исток. Приврзана, мирна и често се дружи со мали животни, папагали или хрчаци. Не е претерано разиграна, па многумина ја нарекуваат салонска мачка. Нејзината цена достигнува и до 4.860 евра.
Руска сина мачка
Веднаш зад персиската е руската „плава“ мачка. Таа има свилено „плаво“-сива коса, смарагдно зелени очи, а се вели дека се приврзува за сопственикот и му е лојална како куче. Цената може да ѝ достигне и до 2.600 евра.
Савана
Дали некогаш сте слушнале за мачка „савана“? Таа е хибриден род создаден со вкрстување на дива африканска и домашна мачка. Постојано бара некој да има со неа, бидејќи по природа е многу темпераментна разиграна. Савана е добар скокач и лесно може да скокне од подот до врвот на вашиот фрижидер.
Интересно е и тоа што оваа мачка има смисла за хумор, а некои од нејзините омилени шеги е да се крие од сопственикот. Цената може да ѝ достигне и до 18.000 евра!
Манска мачка
Потекнува од островот Ману во Ирското Море и се смета за еден од најпребирливите видови. Овие мачки можат да имаат различни должини на опашката или пак без опашка. Нивната цена се движи меѓу 180 евра и 3.500 евра.
Сфинга мачка
Првата е родена во 1966 година во Торонто, а позната е по немањето на крзно. Таа е многу интелигентна, гласна и „зборлива“ и сака друштво. Нејзини најдобри пријатели се децата и кучињата. Овој вид не сака да биде „господар на домот“ како другите мачки. Бидејќи немаат крзно, тие се исклучиво домашни мачки и не треба да бидат долго време на студ или на сонце. Нивната цена се движи од 270 до 2.700 евра.
Шкотски фолд
Шкотскиот фолд е многу интересна мачка со средна големина, особено препознатлива по малите, свиткани уши и многу специфичниот карактер. Преклопените уши им се поради доминантниот ген што им влијае на ‘рскавицата во ушите, поради што тие го имаат таквиот облик. Доколку сакате Шкотски фолд ќе треба да платите помеѓу 180 и 2.700 евра.