Во населба „Капиштец“ донирана куќичка за бездомни кучиња

ПОЗИТИВНО SLIDE

Во населба „Капиштец“, Скопје, спроти „Рамстор“ поставена е куќичка за бездомни кучиња, а првиот нејзин жител веќе си се вселил.

Куќичката е донација од Ѓорѓе Зариќ од Капиштец и ова е првата негова изработка што им ја донирал на беспомошните мали животни за да имаат каде да се засолнат во текот на ладните зимски ноќи.

За да ја направи, користел делови од палети, а останатиот материјал потребен за изработка е негова инвестиција.

Куќичката го разубавува просторот и им помага на животните.

Има изолација од парапропусна фолија, а покривот е со шиндра за да не пропушта вода.

-Куќичката ја направив за една недела, секој ден работев по 2-3 часа. Се надевам дека и другите луѓе ќе се инспирираат и некој друг кој може ќе направи куќичка за бездомните кучиња“, вели младиот Ѓорѓе.