Најголемата разлика помеѓу успешните и неуспешните луѓе е тоа што успешните луѓе го прават сето она што неуспешните не сакаат, објаснува милијардерот и претприемач Џон Пол Деџориа.
Тој го стекнал своето богатство како еден од основачите на компанија за производство на козметика за коса, Пол Мичел, но на 16 години работел многу малку платена работа во една пералница со хемиско чистење. Поставувал закачалки, го чистел подот, бришел прашина… за 1,25 долари на час.
„Еден ден шефот, кој беше многу строг, ме повика во својата канцеларија. Не ми изгледаше добро работата. Шефот ми рече дека претходниот ден работел до доцна навечер и во еден момент забележал дека никаде нема прашина, ни на подот, ни на мебелот…“, вели Деџориа.
„Дури и не можев да замислам дека некој би си ја работел својата работа толку добро кога никој не го гледа“, ми рече шефот и додаде: „Ќе добиеш +25 центи покачување“, се сеќава на овие моменти познатиот милијардер.
Според она што го научил тогаш, како шеснаесетгодишен, Деџориа смета дека успехот нема врска со парите или позицијата.
„Успехот зависи од тоа колку добро ја работиш својата работа кога никој не те гледа”.
*Џон Пол Деџориа е дете на италијански и грчки доселеници во САД, инаку сопственик на компанијата за козметика Paul Mitchell. На само девет години, додека со семејството живеел во Лос Анџелес, продавал разгледници и весници со својот брат за да преживеат. Социјалните служби го одзеле Џон од неговата мајка и го сместиле кај друго семејство. Никогаш не завршил факултет, а мотивот за успех дошол од еден негов професор кој му рекол дека тој нема никогаш во животот да постигне нешто. Богатството на Деџориа денеска се проценува на нешто повеќе од 4 милијарди долари.