Да се успее не е лесно, но е полезно и не само кога станува збор за финансиски успех, туку воопшто, за најразлични работи и дела што некому му се потребни за да се биде подобрар во нешто од претходно.
Што кажале успешните? Прочитајте ги мислите на Ричард Брансон, Ерих Фром, Хенри Форд и многу други. Иако ова можеби го сфатиле или кажале откако успеале, сепак можеби во овие зборови ќе ја најдете вашата потребна поддршка за што и да ви треба. Паметните луѓе учат од грешките на другите.
„Не се обидувај да бидеш само успешна личност, туку личност со вредност“.
-Алберт Ајнштајн
„Кога ќе вработите луѓе кои се попаметни од вас, сте докажале дека сте попаметни од нив“.
-Р. Х. Грант
„Без разлика дали верувате дека можете, или дека не можете, секако сте во право“.
Хенри Форд
„Промашив повеќе од 9.000 обиди во мојата кариера. Изгубив скоро 300 натпревари. Ми беше доверено да шутирам 26 пати за да победиме, но промашив. Не успеав безброј пати, но затоа и успеав”.
-Мајкл Џордан
„Фокусирајте се на тоа каде сакате да одите, а не каде сте биле“.
J.М. Темплтон
„Неуспехот е оддишка за идна победа“.
-Михаило Пупин
„Непланирањето е исто како и планирањето неуспех!“
-Народна поговорка
„Гледајте на недостатоците на другите луѓе исто како и на сопствените“.
-Кинеска поговорка
„Во животот нема да постигнете многу ако работите само во оние денови кога се чувствувате добро“.
-Џери Вест
„Размислувајте како човек од акција, однесувајте се како човек со мисла“.
-Хенри Бергсон
„Да знаете како да чекате е големата тајна на успехот“.
-Џозеф де Маистре
„Човек кој не греши е обично човекот кој не прави ништо“.
-Филипс
„Колку повеќе почнувате, толку повеќе сте поуспешни.
-Јохан Себастијан Бах
„Со не можам да го направам тоа – никогаш не е постигнато ништо. Ќе се обидам – прави чуда”.
-Џорџ П.Бурнам
„Секој може да го држи кормилото кога морето е мирно“.
-Публилиус Сириус
„Победата има стоици татковци, поразот е сираче“.
-Галеацо Чијано
„Целта е ништо, движењето е сè.
-Леонард Бернштајн
„Совесно работете ја својата работа, не само она што е потребно и ништо повеќе, туку и малку повеќе од тоа, бидејќи тоа малку повеќе што ќе го дадете, малку повеќе што ќе се обидете, има поголема вредност од било што друго“.
-Дин Бригс
„Разумниот човек се обидува да се прилагоди на светот, неразумниот човек упорно се обидува светот да го прилагоди на себе“.
-Анонимен
„Успехот ги загрозува само оние кои се задоволни со своите неуспеси“.
-Борис Макаренко
„Разликата помеѓу вработување и кариера е разликата помеѓу 40 и 60 часа работа неделно“.
-Роберт Фрост
„Најважната продажба во животот е онаа на која сам ќе се продадеш себе си“.
-Максвел Молц
„Неуспехот не е проблем сè додека се обидувате повторно“.
-Гај Кавасаки
„Славната цел на животот не е знаењето, туку полезната акција“.
-Томас Хакслер
„Проблемот не е во тоа како новите идеи да ви дојдат во мислите, туку како да се ослободите од старите. Секој ум претставува куќа исполнета со стар мебел. Ослободете еден агол од вашиот ум и креативноста веднаш ќе дојде”.
-Ди Хок
„Шансите никогаш не му помагаат на оној кој не може да си помогне себе си“.
-Софокле
„Не плашете се од големи одлуки. Не може да ја прескокнете бездната со два мали чекори”.
-Дејвид Џорџ
„Оној што го признава своето незнаење, глупав е само еднаш, оној што го крие, излегува глупав многу пати“.
-Јапонска поговорка
„Оној што знае да слуша вреди повеќе од оној што знае да зборува“.
-Кинеска поговорка
„Парите се прескапи за да им се доверат на неуки“.
-Анонимен
„Не учи се како да одиш според правилата, научи како да продолжиш да одиш паѓајќи“
Ричард Бренсон
„Човекот не ја продава само стоката, туку и себе си“.
-Ерих Фром
„Кога ќе дувнат ветриштата на промените, некои луѓе градат засолништа, други ветерници“.
-Кинеска народна поговорка
„Секој успешен проект пред неговото завршување изгледа како потенцијална катастрофа“.
-Розабет Мос
„Секој сака да биде некој, никој не сака да работи на тоа“.
-Јохан Волфганг Гете
„Не верувам во случајност. Успешни луѓе се оние кои ги создаваат своите шанси”.
-Џорџ Бернард Шо
„Неуспехот не е најлошата работа на светот. Најлошата работа е да не се обидуваш“.
-Џон Монеган