На Шапка 71 сантиметар снег, во Маврово 44

ИНФОРМАЦИИ FEATURED 2

На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 71 сантиметар, во Маврово 44, Крушево 41, во Битола 36, Дебар 33, Демир Капија 28, во Тетово и Претор 25, Приле и Штип 24, Берово 22, Охрид 18 и во Скопје 15 сантиметри, информираше УХМР.

Најниска температура е измерена на Попова Шапка од -14 степени, а следуваат Маврово со -12, -8 Берово, -7 Претор, Прилеп, -6 Крива Паланка, Охрид, Битола, -4 Скопје, Тетово, Штип, -3 Демир Капија, Струмица, -2 Гевгелија.

Времето денес ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.