Хамди Улукаја е еден од најпопуларните луѓе во САД, не затоа што своите милијарди ги стекнал со своите раце, во тоа не е единствениот, туку затоа што целосно ги промени правилата на капитализмот и докажа дека тие се поефикасни и подобри од суровата акумулација на профитот.
– Време е да се признае дека учебникот што го користат светските водечки деловни луѓе 40 години не е повеќе употреблив – изјави тој на престижната конференција ТЕД што се одржа во Ванкувер.
Не е дека Хамди Улукаја не верува во моќта на бизнисот, во Америка и во американскиот сон – тој го живее тоа, но правилата според кои тој ја игра играта се значително различни од останатите.
Тој е познат по изреката „акционерите треба да ја имаат најголемата придобивка од профитот е најглупавото нешто што сум го слушнал“.
Улукаја е познат како „крал на јогуртот“. Тој е роден на 26 октомври 1972 година во Анадолија, Турција, поточно некаде по пат додека неговите родители ги паселе овците.
Како дете бил овчар и пораснал со овците, а од најрана возраст правел сирење, кајмак и јогурт. Дошол во Америка со 3.000 долари во џеб и со напорна работа успел да направи свој бренд. Јогуртот што сега го прави Улукаја е најпознат во светот. Неговиот бренд е „Чобани“ и вреди 5 милијарди долари.
Во 2016 година, Улукаја направи необичен чекор и им даде на своите 2000 вработени акции во компанијата.
„Некои велат дека тоа е ПР. Некои велат пак дека тоа е подарок. Им реков „Не е подарок“… Тие тоа го заработија со нивниот талент и напорната работа“, изјави Улукаја.