Приказна за Шведска: Како од земјоделска нација порасна во една од најбогатите европски земји

ПРИКАЗНИ FEATURED 2

Шведска не е голема земја, но од нејзините граници потекнуваат многу глобални гиганти, вклучувајќи ги Електролукс, Волво, Скајп, Спотифај, Ериксон, Хускварна, Сканија, АББ, СКФ, Атлас Копко, Сааб, АстраЗенека… Нејзиното богатство главно дојде преку индустријализацијата, односно откако стана лидер на иновациите, пишува хрватскиот „Јутарњи лист“.

Земјата денес има најмногу мултинационални компании во однос на бројот на жители, односно Шведска има нешто повеќе од 10 милиони жители, но многу глобални гиганти се во нејзините граници.

Звучи малку неверојатно дека Шведска, денес една од најбогатите земји во Европа, во 19 век беше една од најсиромашните. Како тие навистина се збогатија? Во документите од Кралската шведска академија на науките се наведува дека сè започнало во втората половина на 1800-тите со зголемената побарувачка за шведски суровини, дрво, железо и жито, претежно за Велика Британија. Извозот бил и останува главен фокус на нивната економија, па затоа денес тие според глава на жител тие извезуваат повеќе отколку САД, Кина, Грција и Италија заедно. Швеѓаните многу брзо започнале да се селат во градовите, а земјоделските работи ги замениле со работни места во фабриките, имајќи ја притоа поддршката на владата цело време. Пазарот секогаш бил отворен, образованието за најбараните вештини било достапно за сите, а секој кој работел имал загарантирана пристојна пензија. Светските економски кризи не ги погодиле шведските компании затоа штоа сами ги направиле потребните намалувања и рационализирањето на операциите. Тоа се клучните постулати на кои се потпира нивната економија и денес.

Шведски иновации

Швеѓаните отсекогаш биле фокусирани на иновации, креативно размислување и потрага по решенија што ќе ги променат животите на луѓето во целиот свет, и, во повеќето глобални параметри тие се во првите редови на иновациите и креативноста. Системот на иновации е толку важен за нив што стои во сите национални документи, а дополнително и факултетите ги насочуваат студентите да создадаваат нови, подобрени производи што подоцна можат да бидат комерцијализирани. Она во што се најдобри кога станува збор за иновации секако се зелената технологија и природните науки (биомедицината, фармацијата, биотехнологијата, студиите за животна средина) чија цел е да се подобри светот за сите живи суштества.

Имајќи го предвид сето ова, не ни изненадувачки што една компанија со потекло од Шведска е во „финалето“ за вакцината против коронавирусот. Станува збор за „АстраЗенeка“, која во последните месеци нуди надеж за брза победа над пандемијата. Компанијата одлучи дури и да не оствари профит од продажбата на вакцините, а нејзината вакцина да има правична и навремена достапност на глобално ниво, давајќи стотици милиони дози по одобрувањето.

На развојот и подемот на „АстраЗенка“ особено влијание имал банкарот Џејкоб Валенберг, еден од првите инвеститори, член на добро познато семејство на шведски инвеститори кои финансиски поддржуваат иновативни компании скоро 170 години. Валенбергови се всушност банкари кои сакаат шведските пронајдоци, идеи и производи да достигнат светска слава и да бидат сопственост на компании кои се или имаат потенцијал да станат светски лидери во својот сектор. До денес тие инвестирале околу 3,5 милијарди евра во образование, истражување и развој на нови решенија.

Како започнало сè


Сè започнало во 1856 година кога Андре Оскар Валенберг за време на едно од своеите патувања започнал да размислува за идејата да се отвори банка која ќе инвестира во приватни фирми што ќе придонесат за развојот на општеството. Тој купил книги за шкотскиот и американскиот банкарски систем и по неговото враќање во Шведска ја основал СЕБ, банката која е основа на сè што прави ова семејство и до ден денес е една водечка корпоративни банки во нордискиот регион.

Не може ни да се процени колку само пет генерации на семејството Валенберг направиле за шведската економија. Тие се поврзани со почетоците или подемот на скоро сите големи компании во земјата, како на пример Електролукс, Хускварна, Скандинавиан ерлајнс,, Ериксон, Сааб и многу други.