Коњите како животни отсекогаш имале посебен однос со луѓето. Без разлика дали се користеле како класични домашни животни за земјоделски работи и влечење тешки товари или како животни за војување, нивната благородност секогаш била нагласена.
Како такви, тие биле статусен симбол на царевите, кралевите и големите војсководци како Александар Македонски.
За коњите како брзи, силни и интелигентни животни се напишани многу текстови.
Здружението за терапевтско јавање „Дон Кихот“ на својата веб страница наведе некои помалку познати факти за овие прекрасни суштества.
Дали сте знаеле дека во светот има околу 75 милиони коњи, толку се претпоставува дека има, но она што со сигурност е факт е дека од сите тие нема ниту два идентични коња.
Коњите можат да спијат и лежејќи и стоејќи, но само околу 40 минути дневно можат да поминат лежејќи. Спијат два до три часа; повеќе во лето отколку во зима.
Домашниот коњ живее во просек околу 25 години.
Коњите имаат очи поголеми од кој било друг копнеен цицач.
Во просек, коњите се движат со брзина од 44 км на час. Најголемата брзина забележана досега била 88 км/час.
Коњот има мозок со големина на компир.
Коњот ги мрда ушите во насоката во која гледа.
Навечер коњот гледа многу подобро од човекот.
Коњот може да испие 38 литри вода дневно и да произведе речиси исто толку количество плунка.
Освен што ги одбиваат мувите, коњите ја користат опашката за да си „кажат“ едни на други како се чувствуваат.