Постојат различни начини да откриете дали е се во ред со вашето здравје. Еден од најефикасните начини е анализата на изметот или фецесот. Притоа, овде не се мисли на лабораториска анализа, туку на мал визуелен прегед.
Можеби ќе ви биде тешко да погледнете, но сепак тоа не боли, а сериозната болест е уште потешка. Што кажува мирисот, големината, обликот и бојата на фецесот за здравјето на организмот.
Облик
Постојат 7 квалификации според Бристолската скала која се базира на конзистенцијата и обликот на фецесот, но овде ќе се задржиме на 4, а секоја „носи“ посебна порака за вашето тело и на што треба да обрнете внимание.
- Тврд фецес е најчесто одраз на диета, или нередовна исхрана, со малку влакна и укажува на тоа дека предолго останал во дебелото црево. Затоа, треба да го зголемите внесот на влакна кои го поттикнуваат варењето и се разбира, што е можно повеќе течности, особено вода.
- Фецес како тврди грутки или камења, најчесто укажуваат на запек и дехидрација. Во овој случај, важно е да се балансира исхраната со растителни влакна, да се зголеми физичката активност и повторно внесот на течности, особено вода.
- Мек фецес укажува на потребата цревата да се исчистат со течности и поздрава исхрана, но ваквата честа појава се смета за блага дијареа и може да биде знак за цревна болест.
- Воден фецес најмалку се задржува во цревата, т.е. пребрзо минува низ дигестивниот тракт. Премногу течен, повеќе на вода е симптом на дијареа. Доколку трае предолго, потребен е лекарски преглед.
Боја
Мал и тврд измет е причина за конзумирање на храна со малку влакна. Но, во зависност бојата, може да биде и знак за нешто друго.
Бојата во голема мера зависи од храната што ја консумирате. Нормалната боја треба да биде кафеава. Црвената боја е можно крварење поради хемороиди, дивертикулоза или рак на дебелото црево. Пред да почнете да паничите, размислете дали сте јаделе цвекло или некоја друга многу црвена храна во претходните денови.
Зелен фецес укажува на Кронова болест, консумирање антибиотици и недостаток на железо.
Жолтата боја укажува на проблеми со жолчката, инфекции со паразити и разни инфекции на дигестивниот систем.
Бел фецес е знак за малапсорпција или рак на панкреасот, но и последица на слуз во столицата како знак дека цревата се иритирани.
Црната боја е знак за крварење од горниот дел на дигестивниот систем и претерана консумација на месо и железо.
Мирис
Екстремно непријатниот мирис на фецесот може да биде предизвикан од рак на панкреас, панкреатитис, цистична фиброза, Кронова болест и инфекции со паразити. Но, најчесто зависи од она што во голема мера сте го изеле тој ден.