Еве што значи доколку ви „игра“ окото, ви требаат витамини

ЗАБАВА SLIDE

На сите понекогаш ќе ни се случи да ни „игра окото“, односно да имаме грчеви околу окото, кои можат да бидат резултат на, да речеме, напрегање на очите или замор.

Меѓутоа, ако тоа ви се случува почесто, можеби ќе треба да ги проверите нивоата на витаминот Б12 бидејќи тоа е најчест симптом за недостаток на овој витамин. Многумина мислат дека „играњето“ на окото е само некаков предзнак за нешто, но не, науката вели дека сепак се работи за витамини.

Кобаламинот, попознат како витамин Б12, игра важна улога во нормалното функционирање на метаболизмот и е клучна хранлива материја за производство на црвените крвни клетки и одржувањето на здравиот нервен систем.

Одредени групи на луѓе, како веганите и вегетаријанците, се изложени на поголем ризик од недостаток на овој витамин, бидејќи не јадат месо, храна која е важен извор на витамин Б12. Покрај тоа, луѓето постари од 75 години се исто така изложени на поголем ризик.

Непријатните грчеви околу очите или грчењето на очните капаци може да бидат знак за недостаток на овој витамин и тоа секако не е единствениот симптом на недостаток, но можеби и најлесно се забележува.

Оваа состојба, грчењето околу очите и очните капаци, се нарекува блефароспазам, а во случаите кога се јавува поради недостаток на витамин Б12, ќе се намали и ќе исчезне по земањето доволно количество на витаминот.

Други симптоми кои најчесто укажуваат на недостаток на витамин Б12 се преголема чувствителност на екстремитетите на допир, „трнење“или чувство на грчење на мускулите, замор, бледа кожа, недостаток на енергија, рани во устата, мускулна слабост, проблеми со меморијата.

Овој витамин најмногу го има во храната од животинско потекло – риба, месо, јајца и млечни производи.