Едноставно: Kaко да го исправите лошото држење на телото?!

ЗАБАВА FEATURED 2

Седењето пред компјутер, телевизор, гледањето во мобилниот телефон најмногу ги погодува вратот, рамената и горниот дел од грбот.

Со текот на времето, положбата на главата се менува и таа оди сè повеќе и повеќе надолу, како и рамената, со што се оптоварува и ‘рбетот и влијае на целокупното држење на телото.

За среќа, постои лесен начин да се поправи ова и да имате добро држење на телото. Тоа е вежба со крпа, што ја препорачува познатиот киропрактичар др. Алан Мандел од Флорида, а ќе ви биде потребна само една минута за да почувствувате олеснување и подобрување.

Вежбата се изведува така што една крпа ја фаќате со двете раце, раширени, но лактите да ви бидат под агол од деведесет степени. Потребно е да ја истегнете крпата на краевите околу десет секунди, да се опуштете и да го повторите ова неколку пати. Брзо ќе почувствувате дека мускулите помеѓу рамената и вратот ви се зајакнале, а тоа ќе влијае на поправилно држење на телото.