Дочекот на Новата година главно помина во домашна атмосфера, барем според статистиката на пребарувачот „Гугл“ каде што граѓаните се обратија за помош при организацијата.
Во деновите пред дочекот најбарани поими на интернет пребарувачот биле: „селско месо“, мајонез салата“ и рецепт за кифли.
Исто така, годинава не изостана ни организираниот дочек во некој ресторан, каде што некои славеле според ковид протоколите, но овој поим не бил пребаруван воопшто, вели „Гугл“.
Мал број на граѓани за празниците заминале во странство, а нив пак најмногу ги интересирало каде има „карантин“, претпоставуваме, за да не одат таму.
Рестораните не го користеле многу многу „Гугл“, повеќе се ориентирале кон „Јутјуб“, кој и те како им помогнал, особено при дочекот во живо, од пред неколку години.
Содржината на оваа вест служи за забава. Објавеното во неа не треба да се сфати сериозно. Секоја сличност со било што и било кого не е намерна.