На денешен ден е роден Блаже Конески

ЛИТЕРАТУРА FEATURED 2

На денешен ден, 19 декември е роден Блаже Конески, најзначајната фигура на македонскиот 20 век.

Конески е филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

Во продолжение потсетете се на неговата „Молитва“ како и документарниот филм „Проста и строга македонска песна“.

Молитва

Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам –
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам