Хормони, дебелина… сè започнува од тироидната жлезда

ЗАБАВА

Со овој вкусен пијалок, што содржи голем број состојки за стимулирање на работата на тироидната жлезда, а во исто време е и вистинска бомба од витамини, минерали и антиоксиданти можете да си го подобрите Вашето здравје.

Рецептот го сподели овластената холистичка терапевтка за исхрана Киран Захра, а се состои од:

  • 7 чаши изворска или филтрирана вода
  • 1 чаша 100 процентен сок од брусница
  • ¼ лажичка сушен ѓумбир
  • ½ лажичка цимет
  • ¼ лажичка морско оревче
  • ¾ чаша свежо исцеден сок од портокал
  • ¼ чаша свежо исцеден сок од лимон

Подготовка:

Загрејте ја водата и пред да зоврие додадете го сокот од брусница, потоа додадете ги и зачините и оставете го да се крчка на најниска температура 20 минути.

Кога ќе се олади на собна температура додадете го сокот од портокал и лимон. Овој пијалок трае еден ден, па испијте го веднаш штом ќе биде готов на неколку пати во денот.

Тајната на лековитите својства на овој пијалок

Брусницата е одличен извор на јод, што е неопходен за здравјето на тироидната жлезда, а овие бобинки се едни од најдобрите природни извори на јод.

Соодветниот внес на јод помага во детоксикација на организмот, го регулира метаболизмот, растот и развојот.

Ѓумбирот во моментов е многу популарен медицински зачин, а постои и добра причина за тоа, затоа што тој навистина делува, вклучувајќи го и неговиот корисен ефект врз тироидната жлезда. Тој содржи магнезиум, за кој се покажа дека е критичен во контролата на болестите на тироидната жлезда. Покрај тоа, има антиинфламаторно дејство, кое помага да се спречат воспалителните процеси поврзани со хипотироидизамот.

Циметот е мулти-корисен лек за тироидната жлезда. Содржи екстракт кој игра суштинска антиинфламаторна улога во поттикнување на нивоата на „mRNA“, или лаички кажано, медицинската примена на циметот може да има голема улога во третманот на забавената функција на тироидната жлезда. Покрај тоа, циметот има антиинфламаторно дејство и ја намалува инсулинскaта резистенција, што е тесно поврзано со појавата на Грејвсовата болест.

Мускатното оревче е природен подобрувач на расположението и седатив, и го стимулира метаболизмот.

Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, што е неопходен за многу процеси во организмот. Содржи идеален однос на фруктоза и гликоза и магнезиум и калиум. Тој позитивно влијае на тироидната жлезда и ја зголемува глукуронската киселина, која ги врзува и ги елиминира токсините од телото и помага во правилното функционирање на хормоните.

Сокот од лимон има вреден хранлив состав и исклучителни лековити својства за низа болести, помага во детоксикација и го зајакнува имунитетот.

Хипотироидизамот се јавува кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони. Од оваа болест може да заболат и двата пола, но најчесто жените постари од педесет години.

Тироидната жлезда го регулира метаболизмот, а ниските нивоа на хормони го забавуваат организмот преку бројни процеси. Ако не се лекува, може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Ако имате забавена тироидна жлезда, пијте го овој пијалок секој ден. Исто така јадете храна богата со битаминот Б, железо, а морските плодови треба редовно да бидат дел од вашето мени. Зголемете го внесот на храна богата со витамин А, како што се сладок компир, морков или тиква.

Општо правило е да се јаде здрава и органска храна богата со антиоксиданти и да се избегнува храна што може да пречи во работата на тироидната жлезда – брокула, зелка, карфиол, спанаќ, цвекло, соја, кикирики.

Секако доколку ви е дијагностиирана забавена или зголемена работа на тироидната жлезда, потребни се редовни контроли кај вашиот лекар.