10 моќни совети од познат руски психолог што можеби не сте ги слушнале, а требало

ПОЗИТИВНО SLIDE

Валери Синељников е еден од највлијателните руски психотерапевти и мотиватори, а се занимава и со хомеопатија и пишување. Автор е на неколку книги поврани со психологијата на луѓето, а многу е популарен и на социјалните мрежи, каде со публиката комуницира на неколку начини – преку преноси во живо, објави со негови цитати или снимки од предавања.

Цитатите и приказните на Синељников често се споделуваат и прераскажуваат, а тој е голем поборник на идејата дека нашите мисли и зборови го обликуваат нашиот живот. Тој исто така инсистира на тоа дека човекот треба да научи да се сака себеси и да си ги простува грешките, секогаш да работи на себе и да го менува она за кое верува дека не е во ред.

Издвојуваме 10 цитати за тоа како да бидете посреќни, попозитивни и да имате мир со себе и со светот околу вас. Добро запомнете ги овие зборови:

-Некогаш навистина знаевме како да живееме. Кога бевме деца. Верувавме во бајки. Не се сомневавме во ништо. Што и да посакавме да кажеме можевме да кажеме. Но, постепено бевме претворени во роботи. Живејте и играјте како деца. Сетете се како Исус Христос рекол: „Ако не сте како деца, нема да влезете во царството небесно“. Внимателно набљудувајте го однесувањето на децата околу Вас. Тие ќе најдат причина да си играат секаде и со сè. А ние возрасните само им пречиме во тоа. Сè сфаќаме премногу сериозно. Сметаме дека светот е ограничен и дека во него нема ништо ново и интересно. Мислам дека целиот проблем е во тоа што возрасните заборавија дека светот е една голема мистерија. А она што ние го гледаме во нашите животи е далеку од сè што е реалност, незамисливо и бесконечно во секој момент. Престанавме да се третираме себеси и светот околу нас како мистерија. И ова е главната грешка на возрасните.

-Првата и најважна причина за недостатокот на љубов кон себе и светот околу себе е тоа што многу луѓе зад зборот „љубов“ имаат „слики“ и „мисли“ што немаат врска со љубовта.

-Ако сакам моите деца да бидат среќни, тогаш и јас мора да бидам среќна личност.

-Ние сме тие кои го создаваме влијанието на околностите врз себе, давајќи им одредено значење. Во исто време, ние влијаеме на светот околу нас, додека со зборови ги опишуваме чувствата и постапките на другите луѓе.

-Ако она што ми се случува во животот е целосно во согласност со она што го мислам и како го кажувам, тогаш менувањето на моите мисли и она што го кажувам ќе го промени мојот живот и светот околу мене

-Лошите и искривени зборови ги ограничуваат нашите животи и ги уништуваат нашите шанси за среќа и успех.

-Еден од начините да почнете да се сакате себеси е да престанете да се осудувате. На крајот на краиштата, секоја ваша одлука е избор на најдобрата достапна опција во дадено време. Овде е во сила законот за најдобрата можна одлука.

-Сите ние сме ученици во Божјата школа, во училиштето на животот. И ние како ученици ги поминуваме нашите лекции. Ако ги научиме позитивните лекции од животните ситуации и се надминеме себеси, можеме да преминеме на новото ниво на развој. Ако не сакаме да ја трпиме судбината и да го прифатиме животот таков каков што е, не сакаме да се подобриме, тогаш животот нè остави таму каде што сме.

-Излегува дека сè е многу едноставно: ако сте направиле нешто, сте го добиле резултатот од тоа нешто (не казната). Не ви се допаѓа резултатот? Променете го вашето однесување. И менувајте го вашето однесување се додека не го добиете посакуваниот резултат. Така го добиваме следното равенство: однесување = резултат; ново однесување =нов резултат.

-Важно е да научите не само да давате, туку и да ги прифаќате подароците. Светот околу нас е прилагоден на нас, на нашите мисли и желби. Тој сака да ни помогне во секое време. Но, ние често или не често, ја забележуваме таа помош, поради нашата суета, или ја одбиваме, исто така поради нашата суета.