12 навики што ги откриваат возрасните дека пораснале во сиромашно семејство

ПАРИ FEATURED 2


Иако родителите најверојатно имале краткорочни финансиски проблеми, сеќавањето на овој период останува длабоко врежано во сеќавањето на многумина. Никој не вели дека е лошо да потекнуваш од сиромашно семејство, исто како и од богато, но и едните и другите имаат навики што ги практикуваат цел живот, дури и кога нивната финансиска состојба ќе се промени.

Ви пренесуваме 12 навики на возрасните што им останале врежани од времето кога растеле во сиромашно семејство:

  1. Постојана грижа за храна или јадење нездрава храна

Луѓето кои немале храна во изобилство, во зрелоста ќе страдаат или од дебелина или од фобија дека ќе се соочат со недостаток на храна. Таквите луѓе обично јадат сè од чинијата (бидејќи веруваат дека може да дојде ден кога можеби ќе нема што да јадат), или остатоците од ручекот ќе ги јадат и во следните неколку дена. Ништо не се фрла.

  1. Постојано ги одложуваат купувањата што чинат „многу пари“

Луѓето кои се бореле со лоша финансиска состојба или пораснале во такво семејство имаат правило на „одложено купување“. Тоа значи дека ним им е потребно многу време за да го купат дури и потребниот апарат за домаќинство или нешто што бара повеќе пари.

„Еднаш купив телевизор кој имаше разумна цена, но тогаш не ми требаше, неколку дена одев да го „мерам“ и повторно и повторно се пресметував за на крајот да го купам. Имав чувство како нешто да сум изгубил, како да се разболев“, изјавил еден човек за „Брајд сајд“.

  1. Нерационален страв од губење на работата

Овој страв го имаат само луѓето кои пораснале во семејство на работ на сиромаштија. Се подразбира дека во таквите семејства, губењето на работата значи и дека нема да преживеат без приходи. Затоа луѓето се подготвени и да работат за „минимална плата“, да трпат сè и сешто, само за да не останат без приходи.

  1. Начинот на кој ги држат работите

Луѓето кои пораснале во сиромашни семејства ги држат своите работи како да се шолји за кафе. Чанти, тетратки, телефони итн., ги држат цврсто со цела тупаница, многу блиску до нив, како некој да се подготвува да им го одземе она што им припаѓа. Продавачите и менаџерите, врз основа на говорот на телото, веднаш штом ќе влезете во нивната продавница, можат да претпостават во какво семејство сте израснале.

  1. Веруваат во чуда

Луѓето кои пораснале во сиромашно семејство веруваат дека може да им се падне добивка во игрите на среќа. Така се надеваат, се молат и често играат лото и слични игри. Тие што пораснале во побогати семејства немаат таков однос кон „чудата“.

  1. Сè знаат да прават

Човек кој израснал во посиромашно семејство знае да прави многу различни работи: поправки низ куќата, шишање, сликање, готвење, шиење итн. Оние кои пораснале во побогато семејство никогаш немале можност да научат такво нешто.

„Кога се оженив, ја прашав жена ми каде ни е иглата и конецот.“ „Зошто ти треба?“, ме праша таа. „Да ми ги зашиеш чорапите“, реков. „Фрли ги, не се срами“, ми рече таа. Жена ми растела во богато семејство за разлика од мене. Ми беше срам да ѝ кажам дека и јас знам да си ги зашијам чорапите“, рекол еден маж. Кога бил дете, ништо не се фрлало.

Луѓето кои знаат колку е тешко да се заработат пари и да се купи нешто, никогаш не фрлаат ништо. Излитената облека не ја фрлаат, туку ја носат по дома, а кога е ептен истрошена ја носат во село или на нива. Кога воопшто не може да се користи, ја кинат и ја користат како крпа.

  1. Трошат време наместо пари

Една од најизразените карактеристики на сиромаштијата е мислењето дека парите се повредни од времето. Поради тоа, луѓето се смрзнуваат на автобуските постојки наместо да повикаат такси. Готват со часови наместо да нарачаат храна од ресторани итн.

  1. Ги фаќа паника на каса во продавницата

Нема шанси да се ослободат од стравот дека нема да имаат доволно пари за да ја платат сметката на каса. Иако имаат доволно пари на нивната банкарска сметка, стресот дали трансакцијата ќе им биде одбиена е секогаш присутен.

  1. Плаќаат на рати

Стравот од тоа што ќе донесе иднината, ги тера повеќето луѓе да плаќаат на рати, дури и ако тоа на крајот ги чини повеќе. Износот поделен на рати некако им изгледа помалку застрашувачки.

  1. Се лекуваат себеси

За нив парите се повредни од здравјето, па се во состојба со месеци да не одат на лекар. Сè што можат да излечат со „народни лекови“, така и го прават, само за да не дадат пари за лекар.

  1. Не прифаќаат подароци

Постојано се на штрек, постојано се чувствуваат како некому нешто да му должат и кога некој ќе им даде подарок веруваат дека зад тоа има скриен мотив.