21 годишна наставничка од Битанија е најмладата жена која го преминала Атлантскиот океан

ПОЗИТИВНО

Дваесет и едногодишната наставничка од Велика Британија, Џасмин Харисон, стана најмладата жена која го преминала Атлантскиот океан, за 70 дена, три часа и 48 минути.

-Сè што сакав е искуството, а за време на патувањето најмногу ми недостасуваше храна – истакна Џасмин, одговараќи на новинарските прашања откако веслајќи го премина Атлантскиот океан.

Таа истакна дека патувањето од 3.000 милји (4.828 километри) ќе го памети по добрите и лошите работи, но и дека ја цени можноста да избега од „нормалниот живот“.

-Кога сакаш да избегаш од сè, нема ништо слично на ова, нема социјални мрежи, лоши вести, буквално од сè – рече Џасмин Харисон.

Нејзиниот рекорден подвиг собра повеќе од 10.000 фунти за добротворни цели, а парите отидоа во фондацијата „Blue Marine“, што се бори против прекумерниот риболов, и „Shelter Box“, која им помага на луѓето погодени од природни катастрофи.