Како да ги исчистите старите рингли, тврдокорната маснотија исчезнува за 15 минути

ЗАБАВА FEATURED 1

Секој сака кујната секогаш ќе биде уредна и чиста. Сепак, има некои делови од неа кои лесно се валкаат и тешко се чистат, па затоа од самата помисла на нив ве фаќа главоболка. Секако најтешкиот дел се ринглите, особено ако се стари.

Доколку не знаете како да се справите со наслагите од нечистотија на ринглата, постои едноставно и практично решение.

Доволно е да си направите домашна паста за чистење што ќе ги отстрани и најтврдокорните дамки.

Сè што ви треба се:

-една кесичка прашок за пециво
-1 лимон
-1 кесичка сода бикарбона

Исцедете го лимонот и истурете го во помал сад, па додајте ги прашокот за пециво и сода бикарбона и измешајте.

Добиената смеса нанесете ја на валканите рингли, добро истријте со помека четка и оставете ја смесата да постои околу 15 минути.

Сунѓерот натопете го со што е можно потопла вода, а потоа со него истријте ги површините на ринглите. На крајот, соберете го вишокот течност и избришете со сува крпа.