Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито за време на неговиот живот поседувал бројни недвижности низ целиот свет, но ниту еден не привлекува толку внимание како неговиот луксузен стан во Њујорк.
Станот се наоѓа во зграда на познатата Парк Авенју, во срцето на Менхетен и некогаш претставувал симбол на моќ и престиж, а приказите за него кружат и ден денес.
Се работи за простран двокатен стан кој ѝ припаѓал на Југославија, а по нејзиниот распад останал без јасен статус на сопственост. Неговата судбина била неизвесна со години и бил продаден на анонимен купувач дури во 2018 година за околу 12 милиони долари.
Tito’s New York #apartment sold for $12 millionhttps://t.co/X7PreOOftB #croatia #tito #yugoslavia #newyork pic.twitter.com/7IwvMDf3aU
— The Dubrovnik Times (@DubrovnikTimes) June 10, 2018
Интересно е што според проценките вредноста на имотот можела да достигне и до 20 милиони долари.
Еден од најшокантните детали за овој имот е фактот дека стоел целосно празен 19 години. Времето си го направило своето и состојбата на ентериерот сериозно се влошила, а фотографиите објавени од „Њујорк пост“ ја покажале неговата уништена состојба.
Се работи за површина од околу 418 квадратни метри, шест соби распоредени на два ката. Тито во него имал библиотека, соба за помошничка, камини, луксузни теписи, пијано, како и бројни антиквитети и богати дрвени детали што му давале на просторот впечаток на ексклузивност и моќ.
Со текот на времето, почнале да се шират тврдења дека Јосип Броз Тито го користел овој луксузен стан како еден вид „бункер“ за време на неговите посети на Њујорк.
Според непотврдени наводи, одлуката за купување на овој имот била донесена по наводен обид да се изврши атентат вроз југословенскиот претседател додека тој престојувал во хотелот „Валдорф Асторија“ во Њујорк.
Tito’s New York apartment sold for $12 millionhttps://t.co/4GcogxmISU #realestate #newyork #property #tito pic.twitter.com/Jw9ef0y1E5
— The Dubrovnik Times (@DubrovnikTimes) June 2, 2018
Интересот за станот не се намалил дури ни години по распадот на Југославија. Според медиумските извештаи, меѓу заинтересираните за купување на имотот наводно биле и холивудските великани Роберт Де Ниро и Џек Николсон.
Луксузниот имот на крајот бил продаден на купувач чиј идентитет никогаш не е откриен во јавноста.
И покрај ова, приказната за станот на Тито на Парк Авенју останува една од најинтригантните приказни за недвижностите во сопственост на поранешна Југославија.
