За прв пат ќе слушнеме како звучи ветерот на Марс

ПОЗИТИВНО SLIDE

Скопското астрономско друштво на својот Фејсбук профил објаснува што следува по слетувањето на роверот Истрајност на планетата Марс:

„Се будиме полека. Роверот Истрајност (Perseverance) пред два дена слета во кратерот Језеро на Марс. Сега останува да му се смени софтверот за слетување со софтверот за работа на Марс. Полека ќе се проверува дали сите системи и уреди на роверот функционираат како што е предвидено. Будејќи се, роверот ќе направи низа на фотографии на своите делови како и на околината околу себе. Овие денови очекуваме сè повеќе добри фотографии, но и видеа кои за разлика од порано ќе бидат поткрепени и со тон. Имено, за првпат НАСА на роверот стави и три микрофона со кои ќе можеме да го слушнеме ветерот на Марс, а веројатно и тоа како звучи движењето на роверот по површината на Марс.

Сликите се преземени од следните линкови: https://www.facebook.com/…/a.1105225405…/242761584000360

https://www.facebook.com/…/a.1105225405…/242770557332796