Популарната пејачка Мараја Кери со години ја носи титулата кралица на Божиќ поради нејзиниот хит кој е „задолжителен“ на плејлистите за празникот. Нејзината „All I Want for Christmas“ ги руши рекордите на продажба и стриминг секоја празнична сезона.
По објавувањето на нејзиниот хит таа заработи 60 милиони долари од авторски права, според Форбс. Сега Кери заработува околу 2,5 милиони долари хонорар годишно,, според проценките на The Economist. „Њујорк пост“ пак, проценува дека таа бројка е уште поголема, околу 3 милиони долари.
На 13 декември, „All I Want for Christmas Is You“ стана првата празнична песна што достигна две милијарди стримови на Spotify.
Ова е секако безвременска песна која ќе продолжи да ѝ заработува милиони долари.