(ВИДЕО) Вработените во „Тиквеш“ со својата „Џерусалема“ собраа повеќе од 110 000 прегледи

Откако вчера на каналаот на „Јутјуб“ за првпат беше објавена „Џерусалема“ на која играат вработените во „Тиквеш“, денес видеото има повеќе од 110.000 прегледи. „Тиквеш“ го објави овој спот во пресрет на празникот на лозарите и градинарите „Свети Трифун“. Песната „Џерусалема“ од Мастер Кеј-Џи, од Јужна Африка, заедно со танц смислен од анголска група, станаа […]

Прв лек против ковид наменет за пациенти во најтешка состојба

ФОТО: АГЕНЦИИ Израел започна со тестирање на нивниот лек против ковид „Allocetra“. Дали тој ќе биде успешен во лекувањето на коронавирусот и од различните соеви, треба се потврди во третата фаза на клиничките студии, но досега се покажал како многу успешен. Дури 90 проценти од тешките пациенти се опоравиле по третманот со лекот, според „Biomed […]

Во населба „Капиштец“ донирана куќичка за бездомни кучиња

Во населба „Капиштец“, Скопје, спроти „Рамстор“ поставена е куќичка за бездомни кучиња, а првиот нејзин жител веќе си се вселил. Куќичката е донација од Ѓорѓе Зариќ од Капиштец и ова е првата негова изработка што им ја донирал на беспомошните мали животни за да имаат каде да се засолнат во текот на ладните зимски ноќи. […]

Семејството Кичеви го произведува првиот македонски трактор „Ролан“

„Ролан“ е првиот македонски бренд на трактори, целосно произведен во Кавадарци, во фабриката на семејството Кичеви. Семејниот бизнис „МФ Јанаки“ постои веќе три децении. Во него три генерации од семејството се занимавале со сервисирање и репарирање на трактори. Последните две години одлучиле сериозно да го прошират бизнисот и своето знаење да го инвестираат во производство на првиот […]

Ги сметаат за најдобри родители во светот: Имаат 4 фази на воспитување на децата и строго се придружуваат до нив

Тибетанците се познати по своите мудри и мирни родители. Нивното воспитување на нивните деца го воодушевува светот. Имаат 4 фази на воспитување на децата и строго се придржуваат до тоа, затоа секогаш нивното дете е среќно и задоволно. Фаза 1: Пред да наполни 5 години Во овој период, на детето се гледа како да е […]

Деветоодделенецот Павел Милановски oд Куманово победник на глобалниот натпревар на ФАО

Деветоодделенецот Павел Милановски oд Куманово ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава признание на земјоделците како херои на храната. Тој е ученик во кумановското основно училиште „Кочо Рацин“, а своето образование сака да го продолжи во оваа насока и да се запише во средното […]

Намалување на цените на ски –билетите во Ски – центарот „Попова Шапка“

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите. – Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната,  билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед […]

Видео што го освои светот: Како на еден обичен ден гледа мајката, а како ќеркичката?!

Многу често се вели дека во родителството деновите се долги, а годините кратки. Погледнете го ова прекрасното видео што го освои светот, а ги истакнува токму оние обични денови на кои мајките им изгледаат бесконечно долго, а какви се всушност тие за нивните деца. Она што за нас, возрасните, можеби е нормално, за децата можеби […]

Објавен е јавен повик за „Купи куќа, купи стан“

Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии. Објавен е јавен повик согласно кој ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември годинава за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на куќа, соопшти денеска […]

Македонските ракометари се пласираа во главната фаза на СП

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29. Во Главната фаза ривали на македонските ракометари ќе бидат Белорусија, Словенија и Русија.