Цените на лебот, млекото, шеќерот, маслото и месото „замрзнати“ до 31 јануари

ИНФОРМАЦИИ SLIDE

Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава.

Замрзнувањето на цените ќе важи во трговијата на големо и во трговијата на мало.

Одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи што вчера ја донесе Владата, може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.

Во Србија од 1 декември „под мраз“ на 60 дена се ставени цените на шеќерот, брашното, сончогледовото масло, свинското месо и млекото. Претходно тоа го направи и Црна Гора, а Хрватска пред еден месец ги замрзна цените на горивата.