Конфучиј (551 – 479 п.н.е.) според Кинезите, бил првиот професионален учител и бил обичен, но мудар човек – филозоф. Неговото учење со векови е влијателно во Источна Азија, иако додека бил жив, неговите идеи не биле прифатени, а тој самиот често се жалел дека не е ангажиран од ниеден феудален господар. Тој бил еден од првите кои ја предложиле идејата на високоморално хармонично општество. За него се вели и дека тој е првиот кој го развил вистинскиот систем за мислење.
Денешните текстови кои се поврзуваат со него се текстови запишани од неговите ученици или од уениците на неговите ученици кои го создале првиот вистински конфучијански систем. Најважната книга на конфучијанството се нарекува „Аналекти“.
Еден од клучните концепти на конфучијанството е: „За да владееш со другите, прво треба да владееш со себеси“.
Според Конфучиј суштината на секој човек треба да биде човекољубивоста.
Во продолжение неколку цитати на еден од најголемите светски филозофи:
-Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
-Среќа – тоа е кога те разбираат, голема среќа – кога те сакаат, огромна среќа – кога сакаш ти.
-Природата ни дала по две очи и по две ува, а само еден јазик, за да би можеле да гледаме повеќе и слушаме, а помалку да зборуваме, бидејќи никогаш не може да се кажат толку мудрости колку што може да се премолчат глупости.
-Најтешко е да имате работа со жени и мали луѓе. Ако им се приближиш, ќе престанат да бидат жедни, ако ги држиш подалеку од себе, стануваат бесни.
-Ако мразиш – значи дека ќе те победат.
-Ако сакаш одмазда, прво ископај два гроба.
-Всушност, животот е едноставен, но ние настојуваме да го комплицираме.
-Совети прифаќаме капка по капка, но затоа ги делиме со канти.
-Поради само еден збор човек често го сметаат за мудар, а исто така и поради еден збор, често го сметаат за глупaв. Навистина треба добро да внимаваме што зборуваме.
-Не е голем оној, кој никогаш не паднал, голем е оној кој паднал и станал.
-Уште во младоста треба да го почувствуваш стапот на кој ќе се потпираш во староста.
-Во сè има убавина, само не секој може да ја види.
-Не е важно колку си бавен, се додека се движиш.
-Oдбери ја работата што ја сакаш и нема да треба да работиш ниту еден ден во животот.
-Кој не знае и не знае дека не знае – опасен е – избегнувајте го!
Кој не знае, а знае дека не знае – дете е – научете го!
Кој знае, а не знае дека знае – тој спие – разбудете го!
Кој знае и знае дека знае – тој е мудар – следете го!