„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари

ПРЕДЛОГ FEATURED 2

Трудољубивоста и професионалноста се карактеристики коишто се исклучително ценети, без коишто успесите и напредокот не се можни, поради што „Макпетрол“ постојано ги наградува своите вработени и редовно го проширува тимот со најквалитетниот кадар. Сето ова е дел од долгорочната стратегија на компанијата.

Во изминативе 12 месеци, „Макпетрол“ продолжи со имплементација на решенија коишто на сегашните, но и на новите членови на тимот им овозможуваат професионално да напредуваат и да се развиваат. И покрај вонредните услови за функционирање на целиот бизнис сектор, предизвикани од светската пандемија, на компанијата ѝ се приклучија 150 нови вработени.

„Макпетрол“ ја заокружува 2021 година задоволен од доброто работење на компанијата. Имајќи ги предвид отежнатите услови за работа, предизвикани од светската пандемија на вирусот Ковид-19 и исклучителните залагања на вработените за извршување на работните обврски, „Макпетрол“ АД Скопје исплати регрес на сите вработени во вредност од 30.000 денари, како и дополнителен новогодишен бонус исто така во вредност од 30.000 денари.

Компанијата распредели вкупно 85.250.000 денари од годишната добивка, со што секој од вработените доби паричен износ во просек од 60% од нивната плата. 

Со цел полесно и поефикасно справување со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, „Макпетрол“ во соработка со Министерството за здравство организираше вакцинација за сите вработени. Компанијата воведе и практично имплементираше здравствени протоколи чија функционалност се потврди со фактот што досега, во рамки на колективот, не беше создаден ниту еден кластер на заразени.

„Макпетрол“ и во 2022 година ќе продолжи да ги имплементира своите досегашни општествено одговорни практики, но и активно ќе бара решенија со коишто истите ќе бидат надградени и унапредени, со цел обезбедување што поголема поддршка на заедницата, како и на вработените во компанијата.